Поради девојка е прободено момче – повредата близу срцето | Правдико

Правдико

   

Поради девојка е прободено момче – повредата близу срцето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради љубовна караница за девојка, синоќа со остар предмет е прободено 24 – годишно момче. Повредата е близу срцето. Затоа настраданиот е задржан на лекување во болница.

Настанот се случил вчера околу 12.30 часот во Скопје. Прободениот А.Ј. (24) од Скопје веднаш бил донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски,“ каде му  била констатирана убодна рана во пределот на грбот, во близина на срцето.

Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална караница за љубовна врска со некоја девојка. Лицето Е.Н.е осомничено за нанесена повреда.

Поради тешката телесна повреда 24-годишното момче е задржано за понатамошно лекување. Истиот се наоѓа надвор од животна опасност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико