Правдико

   

Поради дициплински прекршоци парично казнети 38 полициски службеници

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrВо текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3  и 11 и член 207 став 1 и  точки 4,8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 38 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”,  на еден вработен мерка – “запирање на постапката“, и на еден вработен мерка – “писмено предупредување”, а се работи за:

Н.Ј. виш инспектор за прифат, сменоводител во ПС ОН Карпош, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано);

В.С. виш инспектор за прифат, сменоводител во ПС ОН Карпош, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано);

Е.Ц.  полицаец во ПС ОН Карпош, изречена и е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувала чисто и подмачкано);

Т.С.  полицаец во ПС ОН Карпош, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано);

А.Р.  полицаец за патрола и интервенција во Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА , изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано);

А.Р.  полицаец во ПС ОН Карпош, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано);

М.С.  полицаец во ПС ОН Радовиш, изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како во униформа седи во угостителски објект, и не се придржувал по местоположбата за извршување на работните задачи);

Е.М.  полицаец во ПС ОН Радовиш, изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како во униформа седи во угостителски објект, и не се придржувал по местоположбата за извршување на работните задачи)

Г.Џ.  полицаец за БПС во ПО за БПС Валандово, изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како во униформа седи во угостителски објект за време на работа)

Д.М.  полицаец за увидна група во ПО за БПС Валандово, изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како во униформа седи во угостителски објект за време на работа)

С.К. виш инспектор за прифат, сменоводител во ПС ОН Чаир, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

М.С. Помошник дежурен во ПС ОН Чаир, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

М.Т.  полицаец во ПС ОН Чаир, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

В.З. полицаец во ПС ОН Чаир, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Г.Т. полицаец во ПС ОН Чаир, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Ф.Б. водич на безбедносен реон во ПС ОН Бит Пазар, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Н.Р. помошник дежурен во ПС ОН Бит Пазар, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Ш.Е.  полицаец во ПС ОН Бит Пазар, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Т.Ј.  полицаец во ПС ОН Бит Пазар, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Ф.Р.  полицаец за ПС за ГП Аеродром – Александар Велики Скопје во РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ (не го врзал со лисици за врзување лицето кое употребило фалсификат лична карта со цел да оствари „излез“ од РМ, при што истото избегало)

А.Ј.К.  полицаец во ПС ОН Гази Баба, изречена и е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувала чисто и подмачкано)

С.Д. полицаец во ПС ОН Гази Баба, изречена му е мерка „парична казна“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано)

Г.А.  полицаец за БПС во ПС за БПС Штип, изречена му е мерка „парична казна“ (бил затекнат како спие во службеното возило за време на работа)

Ј.М.  полицаец за БПС во ПС за БПС Штип, изречена и е мерка „парична казна“ (била затекната како спие во службеното возило за време на работа)

Љ.П. полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (седел во угостителски објект, наместо да извршува работни задачи)

Д.Д. полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (седел во угостителски објект, наместо да извршува работни задачи)

В.Д. главен инспектор за криминалистичко технички увиди на место на настан во СВР Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (неодговорно и несовесно постапил спрема дадената задача)

Т.Т. водич на безбедносен реон во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (не дошол на марш кој бил задолжителен)

Џ.Ш.  полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „парична казна“ (не дошол на марш кој бил задолжителен)

Б.К  полицаец во ПС ОН Гази Баба, изречена и е мерка „парична казна“ (физички ја малтретирала својата малолетна ќерка)

А.К. помошник дежурен во ПС ОН Гази Баба, изречена му е мерка „парична казна“ (физички ги нападнал неговите сестра и внука)

М.В. водич на безбедносен реон во ПС за БПС Охрид, изречена и е мерка „парична казна“ (изнела од работа доверлив службен материјал)

Н.К.  полицаец во Прифатен центар за странци во РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ (превземал службено дејствие–легитимирање користејќи полициски обележја, иако немал овластување за превземање на било какви полициски дејствија надвор од работите и задачите на работното место на кое бил распореден)

М.Љ.  полицаец во ПС за ГП Аеродром-Александар Велики – Скопје во РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ (самоволно, извршил гранични проверки на три лица и им дозволил „излез“, иако истите не ги исполнувале условите за „излез“ од РМ)

С.Ф. самостоен инспектор за економски криминалитет во СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ (за превземените мерки не доставил известување до ОЈО, иако бил должен да го стори тоа во рок од 30 дена од денот на приемот на актот)

М.К.  полицаец во ПК Витолиште, изречена му е мерка „парична казна“ (го напуштил работното место без да го извести непосредниот старешина или дежурниот)

Џ.Г.  полицаец во ПС ОН Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ (не постапил по Наредба за присилно приведување на осудено лице и не носел капа додека бил на работа)

М.О.  полицаец во ПС за ГП и ГН Блато, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ (дозволил влез на ПМВ „Форд фокус„ со албански регистарски ознаки со употреба на неважечки зелен картон за меѓународно патничко осигурување)

М.П. дежурен во ДОЦ на РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ (учествувал во тепачка)

С.Т.  полицаец во ПС ОН Гази Баба, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда)

Г.Ј.  полицаец во ПС ОН Ѓорче Петров, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (своето формациско оружје не го одржувал чисто и подмачкано).

Извор:МВР

Партнери на Правдико