Поради големи оштетувања на автобусот, не можело да се направи вонреден технички преглед | Правдико

Правдико

   

Поради големи оштетувања на автобусот, не можело да се направи вонреден технички преглед

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради големите оштетувања на автобусот не можело да се спроведе вонреден технички преглед, велат од Јавното обвинителство за Макфакс. Во обвинителството се уште ги чекаат и резултатите од наложените анализи на примероците на крвта од возачот на автобусот, а сослушувањето на патниците, како што велата оттаму, ќе почне кога и возачот и патниците кои се превезувале ќе бидат во добра здравствена состојба.

– Заради големите оштетувања што ги претрпе автобусот во сообраќајната несреќа нема можност врз него да се врши вонреден технички преглед. Тој до сега не беше отстранет од местото на несреќата затоа што експерт од Машинскиот факултет во Скопје најпрвин на лице место мораше да изврши вештачење, а дури потоа возилото ќе биде пренесено на локација на која ќе се врши комплетно вештачење. Сите патници и возачот на автобусот ќе бидат сослушани во момент кога тоа ќе го дозволи нивната здравствена состојба. Надлежниот јавен обвинител и натаму ги очекува резултатите од анализите на примероците од крв и урина од возачот на автобусот. За да се утврдат можните причини за несреќата потребно е да пристигнат резултатите од сите наредени анализи и вештачења, велат од Јавното обвинителство.

Сообраќајната несреќа се случи во саботата околу 19 часот, кога автобусот кој се враќал од Халкидики, Грција, излета од патот во близина на велешката патарина. Во несреќата, една жена го загуби животот, а повеќе од 27 лица беа повредени.

Г.Н.Р

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико