Поради изборите, пресудата за случајот „Дива населба“ ќе биде објавена следниот месец | Правдико

Правдико

   

Поради изборите, пресудата за случајот „Дива населба“ ќе биде објавена следниот месец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пресудата за случајот „Дива населба“ наместо во вторник ќе биде објавена на 2 ноември, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Од таму наведуваат дека одложувањето на пресудата е на барање на Министерството за внатрешни работи поради зголемен ангажман на полицијата поврзан со обезбедување на локалните избори.

„Денес во Основен суд Скопје 1 Скопје е пристигнато барање од МВР на РМ – Биро за јавна безбедност, во кое е наведено дека поради зголемен ангажман на МВР поврзан со обезбедување на локалните избори и обезбедување на делегации од странство во Македонија, а при кои обезбедувања се ангажираат голем број полициски службеници, судските рочиште закажани за 17 и 19 октомври, на кои треба да се објават пресудите по овие предмети, да се одложат за друг термин после 1 ноември“, соопшти Судот.

Од таму одлучиле, пресудата за случајот „Дива населба“ наместо на 17 октомври да биде соопштена на 2 ноември, а објавата на пресудата за обвинетиот Сулејман Осман кому му се суди, исто така, за кумановските настани, но во посебна постапка, наместо на 19 да биде на 3 ноември.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико