Поради службена тајна на сведок од УБК, јавноста исклучена од судењето за случајот „Трезор”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На барање на СЈО, поради чување службена и деловна тајна, судот ја исклучи јавноста за сведочењето на Александра Николоска од УБК во предметот „Трезор”. Таа работела и сè уште работи во УБК на местото самостоен инженер. На денешното рочиште треба да сведочи уште еден сведок предложен од обвинителството.
Горан Грујевски, Сашо Мијалков, Небојша Стајковиќ, Тони Јакимовски во „Трезор“ се обвинети за незаконско прибавување 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема од фирма од Велика Британија. Парите од МВР, односно од државниот буџет, биле уплатени на сметката на фирмата „Финзи“, чијшто сопственик, Коста Крпач, беше најден застрелан уште во април 2016 година.
Извор: Макфакс