Поради судовите, Македонија изгуби уште еден случај во Стразбур | Правдико

Правдико

   

Поради судовите, Македонија изгуби уште еден случај во Стразбур

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонија изгуби уште еден случај во Стразбур- државата треба да плати 4200 евра за пристрастно судење за сообраќајна несреќа во која загина штипјанката Марија Абрашева пред 10 години.

s-731f64e64971c2b6af07947e01cd3f65a7f928d9

Четириесет и две годишниот струмичанец Слободан Митров, кој беше осуден на 6 години затвор поради загрозување на животот и безбедноста во случајот и требаше да исплати 60.000 евра отшета на семејството на Марија, ја доби постапката во Европскиот суд за човекови права.

Стразбур порачува дека судот во Струмица не бил непристрасен. Адвокатот Панче Докузовски во 2006-та година аргументираше дека се работи за несреќен случај и бараше изземање на судиите, кои биле во роднинска врска со загинатото девојче сега најавува дека ќе бара повторување на судскиот процес и одговорност од судиите и обвинителите, со цел да не се повтори случај за пристрастно судење.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико