Поради убиството на Ким Џонг-нам ескалира дипломатскиот судир, забрани и блокади
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пјонгјанг во вторникот им забрани на сите државјани на Малезија да ја напуштат Северна Кореја, што предизвика реакција на Куала Лимпур кој донесе исти мерки против севернокорејските државјани а истовремено малезиската полиција ја опколи и блокираше севернокорејската амбасада, потврди малезискиот министер за внатрешни работи Нур Џазлан Мохамед.
На вработените во амбасадата на Северна Кореја во Куала Лумпур им е забрането да ја напуштат зградата. „Се обидуваме да го утврдиме идентитетот на сите вработени во амбасадата кои се во моментов внатре“, рекол министерот Мохамед, пренесува Reuters.
Претходно за малезиските медиуми директорот на тамошната полиција изјави дека тројца државјани на Северна Кореја, по коишто е распишана потерница во врска со убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер, се кријат во нивната амбасада во Куала Лумпур.
Со одлуката на Пјонгјанг практично сите малезиски државјани во Северна Кореја стануваат „заложници“, протестираше малезискиот премиер Наџин Разак.
„Тоа е одвратен чин кој нашите заложници ги прави заложници, без да се запазат сите меѓународни закони и дипломатски норми. Малезија како нација приврзана на мирот се обврзува да одржува пријателски односи со сите земји. Меѓутоа, заштитата на нашите државјани е наш приоритет и нема да се двоумиме да ги преземеме сите потребни мерки кога се загрозени“, истакна Разак.
Најновиот развој на настаните претставува ескалација на тензиите меѓу Малезија и Северна Кореји по убиството на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур на 13-ти февруари на полубратот на северно корејскиот лидер Ким Џонг-ил – Ким Џонг-нам, кој живееше со семејството во егзил во кинеската територија Макао, под заштита на Пекинг. Починал по 15 до 20 минути откако две жени го испрскале со силниот отровен агенс VX, според малезиската обдукција, а малезиските власти ги обвинија севернокорејските агенти.
Откако ги повтори своите критики на малезиската истрага, Северна Кореја одлучила „привремено да им забрани на сите малезиски државјани во Северна Кореја да ја напуштат земјата сé додека инцидентот до кој дојде Малезија не го реши на соодветен начин“, извести службената севернокорејска новинска агенција KCNA наведувајќи го тамошното министерство за надворешни работи.
Според некои информации, единаесет Малезијци во моментов се наоѓаат во Северна Кореја, којашто е инаку најзатворената земја на светот.
Извор: Макфакс