Правдико

   

Поради земање мито: Поранешниот директор на Интерпол осуден на 13,5 години затвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј е осуден на 13,5 години затвор поради земање мито. Пресудата ја изрече во судот во Тјанџин, северна Кина, откако во јули во минатата година тој го призна делото.

Владејачката Комунистичка партија на Кина лани во март објави дека истрагата утврдила оти Менг трошел големи суми пари од државните фондови, ја злоупотребил положбата и одбил да ги почитува партиските одлуки.

Интерпол кон крајот на 2018 година соопшти дека Менг поднел оставка од функцијата шеф на светската полициска агенција со седиште во Париз, неколку дена откако неговата сопруга пријави дека тој отпатувал за Кина.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико