Порака од ЕУ до Тирана: Нема членство без реформи во правосудството | Правдико

Правдико

   

Порака од ЕУ до Тирана: Нема членство без реформи во правосудството

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанија мора да спрoведе „длабоки реформи“ на правосудниот систем, пред да се разгледа нејзиното членство во ЕУ, порача за време на посетата во Тирана, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Унијата, Федерика Могерини.

tirana-860x664

– Длабоките реформи на правосудниот систем ќе отворат пат за почеток на преговорите за Албанија да стане дел од ЕУ – истакна Могерини.

Албанскиот премиер Еди Рама се сложил со Могерини дека реформите во правосудството се клуч за „отворање на вратата“ за почнување на преговорите со ЕУ, пренесува албанската агенција АТА.

Албанија, која е членка на НАТО од 2009 година, стана кандидат за членка на ЕУ во 2014 година, но препорачано ѝ е најпрво да се избори со корупцијата и со организираниот криминал.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико