Правдико

   

Поранешен британски војник на суд поради злосторство што се случило пред 47 години

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот британски војник ќе биде кривично гонет за смртта на двајца демонстранти во Северна Ирска пред 47 години во конфликтот познат како Крвава недела, објавија обвинителите денеска.

Тој ќе одговара за убиството на Џејмс Вреј и Вилијам Макинија и за обидот за убиство на Јозеф Фриел, Мајкл Квина, Џо Мехон и Патрик О’Донел.

Шеснаесетмина други војници, кои беа предмет на истрагата, нема да бидат кривично гонети.

На 30 јануари 1972 година припадниците на британскиот падобрански полк убија 13 северноирски католици кои учествуваа во протестите за граѓански права.

Роднините инсистираа дека тие биле невооружени цивили тврдејќи дека на војниците мора да им се суди за убиства.

Истрагата на британската влада, спроведена неколку недели по тој настан, заклучи дека војниците биле невини.

Истрагата не ги вклучуваше сведочењата на цивилите.

Подоцна беше откриено дека на војниците им било сугерирано што да кажат во своите изјави.

Роднините продолжија да се залагаат за нова истрага, која, конечно, е одобрена во 1998 година.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во јуни 2010 година се извини за убиствата кога во извештајот беше наведено дека нема оправдување за пукањето.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико