Правдико

   

Поранешен грчки министер за финансии осуден поради банкарска сметка во Швајцарија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот грчки министер за финансии Јанос Папантониу осуден е на четири години затвор поради некоректно пополнет анкетен лист за имотната состојба односно не наведена банкарска сметка во Швајцарија.

papantonio

Апелацискиот суд ја потврди пресудата и ги осуди Папантониу и неговата сопруга Ставрула Кураку на четири години поради некоректно пополнет анкетен лист за приходите во 2009 година.

Казната на Папантониу и на Кураку е преиначена и тие треба да платат парична казна. Папантониу (66) беше министер за финансии во периодот од 1994 до 2001 година.

Тој тврди дека се работи за ненамерна грешка, која подоцна била исправена. Папантониу е втор министер на социјалистите, кој е осуден во последните години.

Во 2013 година министерот за одбрана Акис Цохадзопулос беше осуден на 20 години затвор поради корупциски скандали.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико