Поранешната мис на Турција осудена поради навреда кон Ердоган | Правдико

Правдико

   

Поранешната мис на Турција осудена поради навреда кон Ердоган

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот суд ја осуди поранешната мис на Турција, Мерве Бујуксарач на условна казна затвор од 14 месеци поради навреда на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.

erdogan

Судот заклучи дека 27-годишната манекенка е виновна за навредување на државен претставник, а доколку го повтори престапот ќе мора да ja издржи казната.

Бујуксарач која во 2006 година беше избрана за мис на Турција, кратко е задржана во притвор затоа што на својот „Инстаграм“ профил во 2014 година објавила сатирична песна за која обвинителите оцениле дека е навредлива за Ердоган, кој во тоа време беше премиер.

Откако стана претседател во 2014 година, Ердоган поднесе приближно 2.000 тужби за клевета во согласност со законот кој претходно беше ретко користен, а забранува упатување на навреди кон претседателот.

Извор: Мета

Партнери на Правдико