Поранешната претседателка на Аргентина обвинета за корупција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Аргентинскиот федерален судија ја обвини поранешната претседателка на таа земја, Кристина Фернандес Киршнер, за корупција и побара нејзино апсење.
Судијата тврди дека таа била на чело на илегално здружување, кое земало мито во замена за постигнување договори за изведување јавни градежни работи. Аргентинските правосудски власти одлуката на судијата Клаудија Бонади ја објавија денеска, пренесе АП.
Киршнер моментално е сенатор, а таа позиција ѝ овозможува имунитет од кривично гонење, наведува американската агенција.
Над 12 луѓе се уапсени во случајот во кој е вмешана експретседателката, а меѓу нив се водечки бизнисмени и поранешни претставници, кои биле на функција во администрацијата на Киршнер од 2007 до 2015 година.
Извор:Макфакс