Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид ѝ се предаде на полицијата | Правдико

Правдико

   

Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид ѝ се предаде на полицијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По четири месеци бегство, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, утрово ѝ се предал на полицијата.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.

Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот, во медицинската установа во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари.

Финансиската полиција ги товари за проневера во службата, поттикнување, помагање и за фалсификување или уништување деловни книги.

Во периодот од 2010 до 2014 година, тројцата осомничени подигнувале готови средства уплатени за партиципација од пациентите, со што го оштетиле буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за повеќе од 7,5 милиони денари.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико