Правдико

   

Поранешниот египетски претседател Морси осуден на доживотен затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Египетски суд го осуди поранешниот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси, кој беше соборен од власт во 2013 година, на доживотен затвор поради шпионажа во корист на палестинското движење Хамас, либанското движење Хезболах и Иран.

112803

За ова дело има 16 обвиненија, меѓу кои и против давајцата лидери на движењето Муслиманско братство, кои се веќе осудени на смртна казна на 16 мај за предавање доверливи документи на странска земја во периодот меѓу 2005 и 2013 година. Сега пресудата им беше потврдена.

Истиот суд подоцна денеска, исто така, треба да се изјасни дали ја потврдува или ја менува смртната пресуда за Морси која му е изречена на 16 мај за друго дело, во кое тој беше обвинет за соучество при бегство од затвор и употреба на сила.

Морси, кој е обвинет за вкупно пет дела, има можност да поднесе жалба на пресудата.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико