Правдико

   

Поранешниот претседател на Бразил осуден на 9,5 години затвор поради корупција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на Бразил, денеска е осуден на 9,5 години затвор поради корупција и перење на пари.

 

Согласно бразилските закони осудениот Силва ќе остане на слобода се додека трае обжалувањето на пресудата.

Во септември минатата година против Силва беа подигнати обвиненија за корупција и за перење пари откако се откри дека тој е сопственик на трикатна вила. Тој имотот го добил од градежната компанија ОАС, која е вмешана во голема корупциска шема и е поврзана со државната нафтена компанија „Петробраз“.

Силва, кој беше претседател на Бразил во периодот од 2003 до 2010 години осуден е за уште четири дела за корупција.

Тој тврди дека е невин и оти е жртва на политичка истрага.

Извор:ТВ24

Партнери на Правдико