Поранешниот претседател на Ерменија на суд за корупција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот претседател на Ерменија Серж Саркисијан денеска е на суд како обвинет за корупција, што според него е политички мотивирано.
Судењето на 65 годишниот Саркисијан и четворица негови соработници во судот во Ереван доаѓа речиси две години по падот од функцијата на која беше десет години.
Тој е обвинет за координација на шемата преку која се земени речиси еден милион американски долари од владините фондови во 2013 година.
Според обвинението Саркисијан се соочува со казна затвор од осум години. Тој поднесе оставка од функцијата во април 2018 година по масовните протести против него.
Извор: Радио Слободна Европа