Правдико

   

Поранешниот претседател на Перу, обвинет за корупција, побара азил во амбасадата на Уругвај

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија побара азил во дипломатското претставништво на Уругвај во Лима, само неколку часа откако судијата му го задржа пасош поради истрагите за корупција.

Перуанскиот министер за надворешни работи соопшти дека добил информации од уругвајскиот амбасадор, дека Гарсија бил во амбасадата во саботата ноќта и побара заштита, пренесува АП.

Перуанското министерство објави дека ќе обезбеди дополнителни информации од Уругвај по барањето на Гарсија.

Судијата во Лима го одобри преходното барање на обвинителството да се забрани Гарсија да може да излегува надвор од земјата во текот на следните 18 месеци, додека истражувачите ги испитуваат обвинувањата дека тој добивал незаконски пари од бразилскиот градежен гигант „Одебрехта“.

Компанијата се најде во центарот на најголемиот латиноамерикански корупциски скандал, откако призна дека во договор со Министерството за правда на САД во 2016 година подмитила претставници низ Латинска Америка и им исплатиле речиси 800 милиони долари во замена за големи инфраструктурни договори.

Скандалот доведе до апсење на голем број високи политичари во регионот, особено во Бразил и Перу, каде што поранешниот претседател Педро Пабло Кучински поднесе оставка, бидејќи тој претходно работел како консултант во компанијата, додека Гарсија и двајцата поранешни претседатели, Оланта Хумала и Алехандро Толедо, се под истрага поради земање мито.

Гарсија, кој ги негира обвиненијата, е под истрага за мито, наводно парите ги добил за изградба на метро во Лима во текот на вториот претседателски мандат 2006-2011 година.

Ова е вторпат Гарсија да се обиде да излезе од земјата поради обвиненија за корупција. По завршувањето на неговиот прв мандат во 1990 година, тој помина девет години во егзил во соседна Колумбија, а потоа и во Франција.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико