Правдико

   

Поранешниот шеф на кампањата на Трамп осуден за финансиски малверзации

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот шеф на изборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп, Пол Манафорт, прогласен е за виновен по осум точки од обвинението за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство, пренесе Би-би-си.

Сепак, поротата на судењето во Вирџинија не успеа да постигне консензус за останатите 10 точки од обвинението.

Порототата го прогласи Манафорт за виновен за две од девет обвинувања за банкарска измама, сите пет обвиненија за даночна измама и едно од четири обвиненија за непријавување сметки во странство. Судијата им даде на обвинителите рок до 29 август да одлучат дали ќе побараат ново судење по обвиненијата за кои поротата беше неодлучна.

Судењето на Манафорт, долгогодишен републикански оперативец, е прво што е одржано во рамки на истрагата за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година, што ја води специјалниот обвинител Роберт Малер. Сепак, обвинувањата за Манафорт главно се однесуваат за период пред да работи на кампањата на Трамп.

Трамп се обиде да се дистанцира од Манафорт по пресудата нагласувајќи дека сето тоа нема врска со него.

„Се чувствувам многу лошо поради Пол Манафорт. Сепак, сето ова се однесува на случувања пред кампањата“, наведе американскиот претседател.

Обвинителите го обвинија Манафорт дека од американските даночни служби скрил 16 милиони долари кои ги заработил како политички советник на проруски политичари во Украина и потоа измамил банки за да обезбеди кредит од 20 милиони долари откако му пресушил изворот на приходи од Украина.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико