Поранешниот украински претседател на распит за “големо предавство“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот украински претседател Петро Порошенко пристигна во Државното истражно биро да даде исказ како сведок за една од истрагите во која тој би можел да има активности.
Пред да влезе во зградата на истражните органи Порошенко рече дека е повикан на распит во врска со истрага за наводно големо предавство сторено во текот на преговорите за мировниот договор од Минск кој се однесува на ситуацијата во источна Украина, територија која ја контролираат сепаратистите поддржани од Русија од 2014 година.
Порошенко, кој е пратеник во парламентот и минатата година даваше исказ како сведок во неколку други случаи отворени откако не успеа да освои втор мандат на изборите што се одржаа во април минатата година. Неделава Државното истражно биро соопшти дека разгледува 13 можни случаи во кои биле вмешани Порошенко и неговите соработници.
Извор: Радио слободна Европа