Пораст на трошоците за живот од 0.5% во март 2015
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.9.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.5% во март 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5.9%, свежиот зеленчук за 2.9%, свежото млеко за 1.3%, тестенините, конзервираните месни производи, киселото млеко и шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0.7% и алкохолните пијалаци за 0.3%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 13.0%, гасот за домаќинствата и течните горива и мазива за 9.6%, лековите за 6.5%, информатичката опрема за 2.3%, други услуги неспомнати на друго место за 1.0%, услугите за одржување и поправки на станот и средствата за чистење и одржување на станот за 0.8% и накитот и часовниците за 0.6%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 2.2%, конзервираната риба за 1.5%, месото и замрзнатиот зеленчук за 0.6%, рибата за 0.4%, преработките од млеко и сувото овошје за 0.2%.
Во март, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5.2%, материјалите за одржување и поправки на станот за 3.7%, телефонските и телеграфските апарати и услуги за 3.5%, сообраќајните средства и пакет-туристичките аранжмани за 1.3%, услугите за култура за 1.0%, обувките за 0.8% и останатите стоки и услуги за лична употреба за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, бележи намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.8%.