Поразителна статистика: Невработени се 47% од младите на возраст од 15 до 24 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во првото тримесечје од 2015 година стапката на невработеност во земјава изнесува 27,3 отсто, што е намалување од 0,3 отсто во споредба со последните три месеци од претходната година.
Во овој период бројот на невработени лица е намален за над 3.000, додека бројот на вработени е зголемен за околу 1.200 лица.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на невработени изнесува 262.140 граѓани, од кои 63% се мажи, а 37% се жени.
Во однос на возраста, највисок процент на невработеност од 47,6 отсто е регистриран кај младите на возраст до 24 години, по нив следат лицата на воздраст од 25 до 49 години каде што стапката на невработеност е 26,9%, по што следат постарите лица од 60 до 64 години со 22% невработеност.
Најголема стапка на невработеност гледано по полови има кај младите мажи од 15 до 24 години каде што невработеноста е скоро 50%.
Од вкупно 697.248 вработени во земјава, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија со вкупно 137.910 вработени, потоа земјоделството со вкупно 127.185 по што следи трговијата со 92,206 вработени.
Според статистиката во јавната управа и одбрана се вработени 50.030 лица, а во образованието 40.041 лица.
Извор: еМагазин