Порталот Доказ ќе го тужи Саше Политико? | Правдико

Правдико

   

Порталот Доказ ќе го тужи Саше Политико?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Порталот Доказ пишува дека ќе го тужи Саше Политико затоа што наводно во име на Доказ и на осум други портали барал спонзорска поддршка. Тужбата ќе биде поднесена за измама, злоупотреба и за лажно претставување, пишува порталот.

sase-685x320

Наспроти тврдењето на Саше Политико дека порталите Доказ и Народен Глас се безмалку копии на Мактел и дека имаат читаност од околу 20.000 читатели дневно, порталот Доказ тврди дека има повеќе од 65.000 читатели!

Тимот на Доказ моментално го има Марјан Стаменковски како уредник, тројца новинари задолжени за пишување на статии 24/7 и повеќе од десет известувачи, а најголем известувач се читателите, се вели во текстот.

Извор: ПлусИнфо

Препорачуваме

Партнери на Правдико