Посебен сообраќаен режим во населените места зафатени од поплавата | Правдико

Правдико

   

Посебен сообраќаен режим во населените места зафатени од поплавата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrСо цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион (с.Црешево, с.Стајковци, Сингелиќ, Економија, с.Арачиново и другите околни населени места) воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.

 

Поради тоа МВР апелира до граѓаните на с.Арачиново, с.Стајковци и с.Црешево да ја почитуваат сообраќајната сигнализација како и наредбите од полициските службеници кои ќе траат до надминување на кризната состојба.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико