Правдико

   

Посебниот додаток за дете со специфични потреби ќе се зголемува за 15%

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предложените измени и дополнувања на овој закон се во насока на подобрување на финансиската состојба на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, како и овозможување на деца за кои се користи право на посебен додаток да бидат здравствено осигурани, доколку не се осигурани согласно закон.

Целта на предлог измените е правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата да се зголеми за 15% , како и на зголемените износи (за самохран родител кој има дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години, и за материјално необезбедени родители, кои се корисници на СПП и ППП кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот се предлага да се зголемат за 15%.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:18/05/2018 – 13/06/2018

Партнери на Правдико