Правдико

   

После 12 години истрага се потврди дека Иран не развивале програма за нуклеарно оружје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

iaea-director-generalМеѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека не најде “веродостојни показатели за активности во Иран, кои се релевантни за развојот на нуклеарни експлозивни средства од 2009 година”, со што ја затвори својата 12-годишна истрага за нуклеарната програма на Иран.

Ова е клучен чекор за укинување на долготрајните санкции против оваа земја кои значително ја ослабнаја нејзината економија.

Агенцијата заклучи дека Иран спроведувала истражување во врска со нуклеарно вооружување до 2003 година, а во помала мера, до 2009, но после тоа, не постојат докази дека продолжиле таквите активности.

“Недовербата меѓу Иран и меѓународната заедница мора да биде надмината”, со цел да се постигне натамошен напредок во таа насока, рече Јукија Амано, директорот на агенцијата на ОН.

Членовите на МААЕ ја одобри резолуцијата со која завршува повеќегодишната истрага за наводите дека Иран произведува нуклеарно оружје.

Истрагата мораше да биде прекината како дел од договорот меѓу Иран и шест светски сили кои го постигнаа во јули оваа година.

Партнери на Правдико