После 28 години чекање на смртна казна е ослободен од затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ентони Реј Хинтон е обвинет дека извршил убиство на двајца вработени во ресторан за брза храна, Џон Дејвидсон и Томас Вејна Вејсон, во 1985 година во Бирминген.
Ентони (58) го поминал пола од својот живот, невин во затворот во Алабама каде ја чекал смртната казна, која му била пресудена, за дело кое подоцна се докажало дека не го сторил.
Убиствата се случиле во 1985 година, а дури после 28 години,надворешниот свет за Ентони и тоа како се променува.
Неговите деца веќе пораснале, неговата коса опаднала, а неговата мајка починала. Неговите цимери од ќелијата се усмртени со електрична столица или со смртоносна инекција.
Ентони е ослободен во петокот, откако новите тестови и истржувања покажале дека нема никаква поврзаност со убиствата од 1985 година. После излегувањето од затвор, Ентони изјавил дека ќе продолжи да се моли за семејствата на жртвите, како што се молел во претходните 30 години.
– Сакам да им порачам на убијците, дека секој оној што е поврзан и има некаква улога во моето осудување, како невин човек, на смртна казна, ќе одговараат пред бога. – изјави Ентони.
Според податоците на Центарот кој се занимава со статистика на смртните казни, Хинтон е 152 затвореник кој е ослободен од смртна казна од 1973 година, од кои само 6 се од Алабама.
Извор: Телеграф.рс