Последен ден за поднесување барања за амнестија за „27 април“ | Правдико

Правдико

   

Последен ден за поднесување барања за амнестија за „27 април“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска истекува рокот за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Заклучно со вчерашниот ден до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати вкупно 38 барања за амнестија од обвинетите во неколкуте случаи кои се однесуваат за настаните од „27 април“, потврдија за МИА од Судот.

Меѓу оние кои досега поднеле барање, според пишувањата на дел од медиумите, се пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Абдулфета Алими и Захарие Симовски.

Барања за амнестија поднеле, како што пишуваат дел од медиумите и режисерот Борис Дамовски, еден од тројцата водачи на протестите „За заедничка Македонија“ и оперскиот пејач Игор Дурловски. Јане Ченто и Игор Југ, кои се меѓу 33-та обвинети за настаните од 27 април, на последното рочиште веќе се изјаснија дека нема да бараат милост, туку правда. Барање за амнестија може да поднесат и веќе осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и за нападот на министерката Радмила Шеќеринска.

Адвокатите на Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор за делото „насилство“, врз Шекеринска при упадот во Собранието на 27 април, и на Никола Војминовски осуден на 13 и пол години затвор за обид за убиство врз Зијадин Села, потврдија дека поднеле барање за амнестија. По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико