Правдико

   

Последна голема пресуда во Хаг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија денеска почна рочиште на кое жалбениот совет ќе изрече пресуда за шестмината поранешни политички и воени челници на босанските Хрвати, ќе одлучи дали Хрватска учествувала во злосторничко здружување и со тоа ќе ја заврши неговата 24-годишна работа.

Водачите на најмалубројниот народ во Босна и Херцеговина во мај се осудени на вкупно 111 години затвор поради прогон, убиства, силувања, депортација, затворање, уништување на имот и други злосторства.

Поранешниот претседател на владата на ткн Херцег-Босна, Јадранко Прлиќ, неправосилно е осуден на 25 години затвор, поранешниот министер за одбрана Бруно Стојиќ и поранешните началници Слободан Праљак и Миливој Петковиќ на 20 години затвор, поранешниот командант на воената полиција Валентин Ќориќ на 16, а началникот на Канцеларијата за размена на заробеници Берислац Пушиќ на 10 години затвор.

Неправосилната пресуда за овој случај е најдолга во историјата на Хашкиот трибунал и има 2.620 страници. Сите обвинети во 2004 година сами се пријавија во Трибуналот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико