Последно сослушување пред обвинение против Нетанјаху | Правдико

Правдико

   

Последно сослушување пред обвинение против Нетанјаху

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Израелското државно обвинителство и адвокатите на премиерот Банјамин Нетанјаху денеска го завршуваат сослушувањето пред покревањето на низа обвиненија за корупција против него.

Адвокатите на Нетанјаху пристигнаа во Министерството за правда во Ерусалим за да присуствуваат на четвртата и последна сесија во процесот.

Тие се состанаа со главниот обвинител Авихај Манделблит и неговиот тим во обид да ги отфрлат случаите против Нетанјаху, пренесе агенцијата АП.

Манделблит препорача покревање на обвинение против премиерот за измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи, вклучувајќи и мито во еден од нив.

Сослушувањето е последниот чекор пред да се донесе одлука за покревање на официјално обвинение против премиерот, кој е на власт повеќе од 13 години.

Правниот процес против Нетанјаху доаѓа во период кога тој се бори за политички опстанок по вторите избори годинава на кои немаше победници, потсетува АП.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико