Постапка и услови за субвенционирање на исплата на придонеси за време на вонредна состојба
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за месеците април, мај и јуни 2020 година.
Одделни изрази употребени во оваа уредба со законска сила го имаат следново значење:
„Работодавач“ е секој правен субјект од приватниот сектор кој вработува работници врз основа на договор за вработување и физичко лице вршител на самостојна дејност кој вработува работници врз основа на договор за вработување, како и работодавач корисник согласно Законот за приватни агенции за вработување;
„Обврзник за пресметка и уплата на придонесите“ е правно лице, самовработено лице согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и приватната агенција за вработување (во натамошниот текст: обврзник);
„Осигуреник“ е физичко лице задолжително осигурено според законите кои го уредуваат системот на
задолжително социјално осигурување.
Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да користат:
– орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институции кои вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје и
– приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај обврзник од став (1) алинеја 1 на овој
член.
Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување не може да се користи за лицe- работник со дополнително работење со неполно работно време кај друг работодавач, согласно членот 121 од Законот за работните односи.
На работодавач, за секој осигуреник, за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните
придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година.
Услови за добивање на субвенциите
За користење на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување , работодавачот треба да ги исполни следните услови:
а) намалувањето на вкупните приходи во месец април 2020 година, во месец мај 2020 или во месец јуни
2020 година, да изнесува повеќе од 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година, а за работодавач кој е запишан во соодветен регистар (основан) по месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година, месец мај 2020 и месец јуни 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година. За работодавачот кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%;
б) бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, освен во случај на пензионирање или смрт и
в) да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.
Субвенционирање на износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да се оствари доколку работодавачот користи финансиска поддршка заради исплата на нето плата во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник за месеците април и мај 2020 година согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.
Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила не може да се користи истовремено за вработен за кој работодавачот користи субвенционирање согласно Законот за субвенционирање за придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 239/19).
За остварување на правото од оваа уредба со законска сила, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување до Управата за јавни приходи.
Во Барањето , работодавачот приложува Изјава од застапникот по закон за исполнетоста на условите од оваа уредба со законска сила. Поднесувањето на Барањето се врши преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи, а комплетното барање, го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на неговото доставување.
Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), што ја поднесува до Управата за јавни приходи, за осигуреникот за коj бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.
Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирање, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите.
Податоците за одобреното субвенционирање на плаќање на придонеси Управата за јавни приходи ги доставува до Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до 20-ти во месецот за претходниот месец.
Износот на одобрените субвенции на придонеси во претходниот месец го уплатува Министерството за труд и социјална политика на посебни сметки за придонеси од задолжително социјално осигурување, најдоцна во рок од 10 дена по прием на податоците од страна на Управата за јавни приходи.
Работодавачот кој користел субвенција за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување должен е да ги врати добиените финансиски средства во целост, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од оваа уредба со законска сила, врз основа на решение за утврдена неправилност.
Работодавачот кој го искористил правото од оваа уредба со законска сила, а не ги исполнил условите од оваа уредба со законска сила, должен е да го врати износот на субвенции за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.
Работодавачот кој го искористил правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од:
– остварениот финансиски резултат за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку
искажаните приходи од Даночниот биланс;
– остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година за
обврзниците кои се во режимот на годишен данок на вкупен приход;
– износот на искажаниот финансиски резултат пред оданочување во образецот Б, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на
самостојна дејност.
Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати без камата во месец април, мај и јуни 2021 година.