Постапка за давање и примање донации/спонзорства | Правдико

Правдико

   

Постапка за давање и примање донации/спонзорства

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Two business men shaking hands emotionallyДоговор за донација/спонзорство

Давателот и примателот на донацијата и спонзорството склучуваат договор во писмена форма, согласно Законот за облигациони односи, чиј предмет мора да биде остварување на јавен интерес.

Решение за потврдување на јавниот интерес на донацијата/спонзорството

Давателот на донација/спонзорство поднесува Барање до Министерството за правда за потврдување на јавниот интерес на предвидената донација/спонзорство. Министерството за правда во согласност со соодветното министерство под чиј ресор е јавниот интерес, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, издава Решение со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата/спонзорството.

Потврда за донација

За добиената донација, примателот му издава писмена “Потврда за донација” на давателот. Потврдата се издава на барање на давателот на донацијата по претходна реализација (прием) на предметот на донацијата. Образецот “Потврда за донација” е пропишан со Правилникот за формата и начинот на издавање на писмена потврда за донации во јавните дејности („Службен весник на РМ”, бр.130/06). Потврдата за донација ќе му послужи на давателот на донацијата како доказ пред даночните власти да ги оствари даночните поттикнувања.

Извештај за дадена и примена донација/спонзорство

Доколку за донацијата, односно спонзорството се предвидени даночни поттикнувања, давателот и примателот на донација/спонзорство се должни, најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнувањето на Договорот за донација/спонзорство, до Управата за јавни приходи да достават Извештај за дадената и примена донација/спонзорство, на пропишаните обрасци. Давателот на донација/спонзорство доставува Извештај за дадена донација/ спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ДВ“). Образецот преземете го преку http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/9 Примателот на донација/спонзорство доставува Извештај за примена донација/спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ПР“). Образецот преземете го преку http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/8

Во Извештајот задолжително се пополнуваат следните податоци:
▪ Име и назив на давателот и примателот;
▪ Име и назив на крајниот корисник;
▪ Опис на предметот на донацијата и на спонзорството кое овозможува нивно идентификување со назначување на количината, вредноста и другите негови карактеристики;
▪ Крајна употреба на предметот на донацијата и спонзорството; и
▪ Други податоци.

Во прилог кон Извештајот, задолжително се доставуваат:
▪ Договор за донација/спонзорство;
▪ Доказ дека донацијата/спонзорството има карактер на донација/ спонзорство од јавен интерес (Решение од Министерството за правда); и
▪ “Потврда за донација” со која примателот го потврдува добивањето на донацијата.

Извор: www.ujp.gov.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико