Постапка за добивање Одобрение за градење за градби од локално значење | Правдико

Правдико

   

Постапка за добивање Одобрение за градење за градби од локално значење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

gradba_070910Одобрение за градење, за градби од локално значење, издава градоначалникот на општината, а постапката ја води одговорен службеник. Градителот (имателот на правото на градење) е поднесувач на барање за добивање на одобрение за градење, кое го доставува до  општините на град Скопје, надлежни за издавање на одобрението.  Барателот на одобрение за градба потребно е до општината да поднесе:

Барање, читливо пополнето (обликот и формата на образецот за барање за одобрение за градење е пропишан во Правилникот за формата и содржината на барање за добивање одобрение за градење и на образецот за одобрение за градење и се добива во писарницата на општината, како и висината на надоместот за негово издавање). Во прилог на барањето барателот поднесува и:

• Решение за локациски услови со заверен идеен проект од страна на општината.

• Комплетен основен проект, во најмалку четири примероци,  изработен од овластен проектант во проектантско биро или друштво.

• Ревизија на основниот проект извршена од страна на овластен проектант во проектантско биро или друштво, различно од оние кои го изработиле основниот проект.

• Писмен извештај и согласност за нострификација, ако проектот е изработен во странство.

• Одобрена студија за оцена на влијанијата на проектот врз животната средина од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (Министерство за животна средина и просторно планирање).

• Одобрена студија со позитивна оцена на остварениот квалитет на сеизмичката заштита на објектот во согласност со генералната државна стратегија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик (по консултација со општинскиот службеник кој ја води постапката).

• Надлежниот орган по службена должност врши увид на локацијата за градба и дава акт за регулациона градежна и нивелациска линија, со определување површина за изградба чија форма и содржина е пропишана во Правилник, и врши заверка на основниот проект, со потпис од овластено лице и со печат,
го доставува до органите на општините, односно општините во  градот Скопје и градот Скопје, надлежни за утврдување на надоместот за уредување на градежно земјиште.

• Доказ за платен надомест за изготвување на актот за регулациона, градежна и нивелациона линија (информациите за жиросметката, назнаката на платницата и висината на средствата кои треба да се уплатат ги дава општината).

• Доказ за платен надомест за уредување на градежно земјиште (општината ги определува висината на средствата и начинот на плаќање на надоместот – комуналиите).

• Доказ за платен надомест за финансирање на изработката на Просторниот план на државата и урбанистичките планови на општината.

• Доказ за уплатени административни такси – уплатница (информациите за жиро-сметката, назнаката на уплатницата и висината на средствата кои треба да се уплатат ги дава општината).
Барањето во општината го прима службеникот во писарницата и го заведува во деловодник. Тој става штембил на барањето со назив на општината, кој го пополнува со:
– датумот на приемот на барањето,
– бројот на организационата единица до која е упатено барањето,
– бројот на барањето од деловодната книга кроз (/) 1 и
– бројот на прилозите во склоп на барањето.
При приемот на барањето, службеникот во писарницата на копијата од барањето става штембил со истите податоци како и на барањето, како доказ за поднесено барање за подносителот на барањето. Примените и заведени барања ги вметнува во кошулка на која ги впишува елементите од заверката на барањето.
Од писарницата на општината ги подига лицето одговорно за прием и заведување на барањата во организационата единица надлежна за нивно решавање и ги евидентира во книгата за евиденција на предмети на организационата единица. По нивното евидентирање ги доставува до раководителот на организационата единица кој ги насочува барањата до одговорните службеници кои понатаму ќе ја водат управната постапка по барањата до нејзино окончување. Лицето одговорно за прием и   заведување на барањата во организационата единица ги доставува барањата, доделени од страна на раководителот на организационата единица, до одговорниот службеник кој го прима барањето. Приемот го оверува со потпис и датум на приемот, во книгата за евиденција на барањата на организационата единица на која и припаѓа. Обрнува особено внимание на идентичноста на податоците од заверката на приемот на барањето со реалната содржината на предметот кој му се доставува. Води сопствена евиденција на примените барања во интерен деловодник, во кој, покрај редниот број на барањето кое го прима во тековната година, ги впишува и податоците од штембилот на барањето, генералиите на барателот, адресата на која живее барателот, контакт телефон ако е даден и суштината на самото барање (преку читање на самото барање). Ако ја разбрал суштината на барањето, пристапува кон преглед на потребните прилози доставени во склоп на барањето. До окончување на управната постапка по барањето, врши консултација со раководителот на  организационата единица за сите прашања за кои му е потребна асистенција. Контактира со барателот во врска со отстранување на воочените недостатоци во прилозите на барањето, преку писмена кореспонденција врз принципите на управната постапка, со дописи и повратници преку општинската писарница или во директни контакти, при што составува записник во кој се потпишува и барателот.

po

Пишаните докази за причините за траењето на постапката, во смисла на комплетирањето на барањето, се во директна врска со роковите дадени од законодавецот за дозволеното времетраење на периодот за одлучување по комплетно барање, пропишано со закон. Одговорниот службеник кој ја води постапката по службена должност од други органи обезбедува согласности или мислења за усогласеноста на документацијата со посебните услови содржани во решението за локациски услови, стандардите и нормативите за проектирање и одредбите на посебни закони. Дописите со кои ги бара согласностите или мислењата ги праќа преку општинската писарница, која му обезбедува повратна информација за приемот на дописот преку повратница или печат за прием на дописот. Органите од кои е побарано мислење или согласност должни се нив да ги достават во рок од 15 дена до барателот, во спротивно ќе се смета дека дале согласност, односно позитивно мислење.

Одговорениот службеник по службена должност врши увид на локацијата за градба, составува записник и дава акт за регулациона градежна и нивелациска линија со определување површина за изградба, чија форма и содржина е пропишана во Правилник. Со допис го задолжува барателот да ги плати трошоците за изработка на актот за регулациона градежна и нивелациска линија со определување површина за изградба и да достави доказ за уплатата. Го заверува основниот проект со потпис и печат од овластено лице – раководител на организационата единица за урбанизам и грдежништво. Со допис, примерок од заверениот основен проект доставува до органите на општината, односно градот Скопје, надлежни за утврдување на надоместот за уредување на градежно земјиште, и го задолжува барателот да контактира со нив и да обезбеди доказ за регулирана обврска за надоместот за уредување на градежното земјиште.
Откако барателот ќе достави доказ за регулиран надомест за уредување на градежно земјиште, платен надомест за финансирање на изработката на Просторниот план на државата и урбанистичките планови на општината и за уплатени административни такси, пристапува кон изработка на Одобрението за градење. Формата и содржината на Одобрението за градење се пропишани со Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на одобрение за
градење и на образецот на одобрение за градење. Пополнетото Одобрение за градење, потпишано од страна на одговорниот службеник како изработувач, заедно со списите на предметот, ги доставува до раководителот на организационата единица за урбанизам и грдежништво, кој го проверува решението и ја
потврдува контролираноста на решението со потпис. Конечната заверка на решението ја врши градоначалникот на општината со потпис и печат. Рокот за издавање на одобрението за градба е 7 дена од денот на комплетирање на барањето со горенаведените прилози. Одобрението за градење, заедно со заверениот основен проект, барателот го подига од општината, на повик на одговорниот службеник, при што го нотира подигањето на актите со потврда на идентификација, датум и потпис. По истекот на периодот предвиден за поднесување на жалба, носителот на одобрението за градење го доставува Решението –
Одобрение за градење, за заверка на извршноста на актот во управна постапка до одговорниот службеник, кој го доставува актот до овластено то лице кое врши заверка и му го враќа на подносителот. По истекот на постапката, одговорното лице го архивира предметот врз основа на постапки пропишани со закон. Одобрението за градење и заверениот основен проект се документи од трајна вредност. Одобрението за градење престанува да важи доколку градителот не почне со изградба во рок од две години од денот на конечноста на одобрението за градење.

Правна поука:
– Против одобрението за градба или решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрение за градба издадено од градоначалникот на општината, градителот може да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот (Министерството за транспорт и врски), во рок од 15 дена од приемот на решението. По истекот на тој рок, ако нема жалбена постапка, решението добива извршност во управна постапка.

Извор: www.zels.org.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико