Постапка за екстрадиција по барање на Република Македонија | Правдико

Правдико

   

Постапка за екстрадиција по барање на Република Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

prisoner-1200x500Екстрадиција на лице врз основа на распишана меѓународна потерница се дозволува за кривични дела за кои според домашното законодавство е пропишана казна затвор од најмалку една година. Исто така екстрадицијата се дозволува заради извршување на правосилно изречена ефективна казна затвор, доколку лицето кое се бара има да доиздржи казна од најмалку четири месеци.

Екстрадираното лице не може да биде гонето, судено или подложено на казна или на која било друга мерка на ограничување на слободата или екстрадирано во друга држава за кое било кривично дело сторено пред екстрадицијата, а кое не е предмет на екстрадиција, освен во следниве случаи, ако:

1) надлежен орган даде одобрение за екстрадиција и достави документи  заедно со изјава на записник од екстрадираното лице или

2) екстрадираното лице, иако имало можност во рок од 45 дена од денот на неговото конечно пуштање на слобода, не ја напуштило територијата на државата во која е екстрадирано или ако по напуштањето на нејзината територија повторно се вратило.

Постапување кога Република Македонија бара екстрадиција

Ако против лице кое се наоѓа во странска држава се води кривична постапка во Република Македонија или кое е осудено од домашен суд, министерот поднесува барање за екстрадиција.

Кон барањето за екстрадиција  се приложуват:

1) податоци за утврдување на идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара (опис, фотографија, отпечатоци од прсти и слично);
2) уверение или други податоци за државјанство;
3) обвинение, пресуда или одлука за притвор или на некој друг акт со исто правно дејствие, во оригинал или заверен препис во кој треба да биде назначено името и  презимето на лицето чијашто екстрадиција се бара;
4) опис на делото, законскиот назив на кривичното дело и докази за основано сомневање и
5) препис од одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија кој треба да се примени или е применет спрема лицето чијашто екстрадиција се бара, а ако делото е сторено на територијата на трета држава, тогаш е потребен и препис од одредби на Кривичниот законик на таа држава.

Кога постои опасност дека лицето чијашто екстрадиција се бара ќе побегне или ќе се сокрие, министерот може да бара против тоа лице да се преземат законските мерки заради негово привремено притворање. Во барањето за привремено притворање посебно ќе се назначат податоците за идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара, видот и називот на кривичното дело, бројот на одлуката, датумот, местото и називот на органот што го определил притворот, односно податоци за правосилноста на пресудата.

sud1Постапка пред домашниот правосуден орган

Домашниот правосуден орган кој распишал меѓународна потерница, целокупните списи во оригинал или заверени копи заедно со барањето за екстрадиција ги доставува доМинистерството.

Кога против лицето чијашто екстрадиција се бара во тек е кривична постапка пред домашен правосуден орган, домашниот правосуден орган до Министерството доставува:

1) официјално барање за екстрадиција;
2) наредба за спроведување на истражна постапка;
3) обвинителен предлог или обвинителен акт;
4) решение за притвор;
5) наредба за издавање меѓународна потерница и
6) извод од текстот на Кривичниот законик на Република Македонија.

Кога лицето чијашто екстрадиција се бара правосилно е осудено, надлежниот суд или казнено-поправната установа до Министерството треба да достават:

1) барање за екстрадиција;
2) правосилна судска пресуда;
3) налог за упатување на издржување на казната затвор или упатен акт;
4) наредба за издавање меѓународна потерница и
5) извод од текстот на Кривичниот законик на Република Македонија.

Ограничувања на кривично гонење и изрекување на пресуда

Ако лице чијашто екстрадиција се бара биде екстрадирано ќе може кривично да се гони, односно спрема него ќе се изврши казната само за кривичното дело за кое е одобрена екстрадицијата.  Ако екстрадицијата е одобрена под услови на видот или висината на казната и тие услови биле прифатени, надлежниот суд при изрекувањето на казната е врзан со тие услови, а ако се извршува изречена казна судот што судел во последен степен ќе ја преиначи пресудата и ќе ја собрази изречената казна со условите за екстрадиција.

Ако екстрадираното лице во странската држава е осудено во отсуство во секој случај кривичната постапка ќе биде повторена. Исто така постапката ќе се повтори ако   државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство

Трошоците за преземање на лице чијашто екстрадиција и е одобрена на Република Македонија од договореното место на преземање паѓат на товар на Буџетот на Република Македонија.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Постапка за издавање потерница

– Преземање и отстапување на кривично гонење

Препорачуваме

Партнери на Правдико