Постапка за издавање Дозвола за движење за време на полициски час | Правдико

Правдико

   

Постапка за издавање Дозвола за движење за време на полициски час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Уредбата со законска сила за постапката за издавање на дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба се уредува постапката за издавање на дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

Согласно уредбата, Министерството за информатичко општество и администрација издава дозволи за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба (во натамошниот текст: дозволи за движење), и тоа на:

– вработените во органите на државната власт,
– вработените во здравствените установи од јавниот и приватниот сектор,
– медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот,
– вработените во пекарите и бурекџилниците, со најмногу до пет вработени,
– вработените во погребалните претпријатија,
– членовите на општинските кризни штабови и
– физичките и правните лицa за кои претходно дозвола дал Главниот координативен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19.

Барањето за издавање на дозвола за движење за лицата определени погоре, се поднесува преку Националниот портал за електронски услуги кој го води Министерството за информатичко општество и администрација.

Барањето, за вработените го поднесува овластеното лице во правното лице преку својот кориснички профил на Националниот портал за електронски услуги на основно ниво на сигурност,согласно Правилникот за начинот на проверка на идентитетот на корисникот при поднесувањето на барањето по електронски пат со користење на единствената околина („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 244/19).

Барањето содржи: име и презиме на физичкото лице кое е овластено лице во правното лице, назив на правното лице, ЕМБС, име и презиме, ЕМБГ, електронска пошта и телефон на вработените за кои се бара дозволата, време на валидност на дозволата (од/до) и причина за издавање.

Податоците внесени во барањето  се проверуваат во рок не подолг од 24 часа, преку употреба на логички поврзани процеси со податоците за лицата за кои се однесува барањето, евидентирани во:

– системите на Централниот регистар на Република Северна Македонија, за потврда дека подносителот на барањето е овластено лице во правното лице,
– Централниот регистар на население, за проверка на точноста на личните податоци на лицата за кои е поднесено барањето и
– системите на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за потврда дека лицата за кои е поднесено барањето се вработени во правното лице.

По извршената проверка на податоците  физичкото лице кое е овластено лице во правното лице и кое го поднело барањето, добива автоматски генерирана Одлука за поднесеното барање на својот кориснички профил на Националниот портал за електронски услуги.

Одлуката , содржи: име и презиме на вработените за кои се побарани дозволи, ЕМБГ, статус на одобрување (одобрено или одбиено) и образложение за одбиеното барање. По доставата на Одлуката , вработените  за кои е одобрено барањето за издавање на дозвола за движење, добиваат автоматски генерирана дозвола на електронска пошта наведена во барањето.

Дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба издадени пред денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила продолжуваат да важат се до истекот на периодот за кој се издадени.

Министерството за информатичко општество и администрација може да врши ревизија на издадените дозволи за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба и може истите да ги одземе доколку при контрола од страна на полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се утврди нивна злоупотреба.

Препорачуваме

Партнери на Правдико