Постапка за издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент | Правдико

Правдико

   

Постапка за издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управата за јавни приходи издава Потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент:

  • за пресметан, задржан и платен данок на личен доход (данок по одбивка) на доходот на ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ – НЕРЕЗИДЕНТ остварен во Република Северна Македонија (согласно член 83 став 2 од Законот за данокот на личен доход) по претходно поднесено Барање (образец Б-ППД/ФЛ); или
  • за задржан и уплатен данок (задржан данок) на приходот на ПРАВНОТО ЛИЦЕ – НЕРЕЗИДЕНТ остварен во Република Северна Македонија (согласно член 23 став 4 од Законот за данокот на добивка), по претходно поднесено Барање (образец Б-ППД/ПЛ).

Барањето Б-ППД/ФЛ или Б-ППД/ПЛ може да го поднесе лично странката, законскиот застапник или полномошник на странката.
Напомена: Доколку Барањето Б-ППД/ФЛ или Б-ППД/ПЛ го поднесува исплатувачот на доход/приходи во РСМ, во прилог на барањето потребно е да се приложи овластување (полномошно) или известување во кое ќе биде препознаена согласноста и волјата на нерезидентот – исплатувачот на доход/приходи во име и за сметка на нерезидентот да преземе дејствија во оваа даночната постапка и да ги употребува податоците на нерезидентот во постапката на прибавување на потврдата. Во известувањето треба да бидат наведени сите потребни податоци поврзани со барањето (изјава за согласност, вид и износ на доход/приходи, период, држава на резидентност и др.).

За издавање на потврдата на нерезидентот предвидено е плаќање на административни такси во износ од вкупно 50 денари (за барањето), согласно Законот за административните такси.

Постапката за поднесување на барање и издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент е објавена на веб страницата, и тоа:

  • За поднесување на Барање (образец Б-ППД/ФЛ) за издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на ФИЗИЧКО ЛИЦЕ – НЕРЕЗИДЕНТ, види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1803
  • За поднесување на Барање (образец Б-ППД/ПЛ) за издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на ПРАВНО ЛИЦЕ – НЕРЕЗИДЕНТ, види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1804

Партнери на Правдико