Постапка за издавање согласност за волонтирање на странско лице во Македонија | Правдико

Правдико

   

Постапка за издавање согласност за волонтирање на странско лице во Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Image-for-Legal-FormsВолонтерство   подразбира доброволно давање на лични услуги,  знаења и вештини и /или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции,  без надомест.

Волонтер може да биде домашно и странско физичко лице. Волонтер исто така може да биде и малолетно лице  со писмена согласност од  неговите родители или старатели.

Организатори  на волонтерска работа може да бидат:

– здружение на граѓани и фондација;
– верска заедница и религиозна група;
– јавна  установа
– орган на државна власт I
– единица на локалната самоуправа и градот Скопје.

Организаторот на волонтерската работа   ја утврдува  потребата од ангажирање на волонтери, видот на услугите  и начинот и постапката за обезбедување на истите, врз основа на програма за волонтирање. Државјанин на Република Македонија може да волонтира во други држави, огласно со прописите на државата во која волонтира и ратификуваните меѓународни договори.

Странско лице може да волонтира во Република Македонија врз основа на претходно обезбедена согласност од Министерството за труд и социјална политика и регулиран престој во Република Македонија.  Организаторот на волонтерската работа е должен во рок од 60 дена од денот на издавањето на согласноста , да го извести Министерството за труд и социјална политика за почетокот на волонтирањето на странското лице.

Барање за издавање на согласност за волонтирање на странско лица поднесува организаторот на волонтерската работа. Барањето  се поднесува до Министерството за труд и социјална политика.

Кон барањето за издавање на согласност се доставуваат следниве документи:

  • договор за волонтирање;
  • програма за волонтирање;
  • документ, со кој се докажува идентитетот на странецот;
  • изјава дека не е казнуван за прекршок;
  • копија од упис во Централниот регистар на Република Македонија, односно надлежниот основен суд на организаторот на волонтерската работа и
  • висината и начинот на покривање на патните трошоците и трошоците за престој на волонтерот.

За лице кое има волонтирано во   Република Македонија, кон барањето од член 3 на овој правилник се доставува и известување за активностите кои волонтерот ги има реализирано во текот на претходно издадената согласност за волонтирање.

Ако Министерството за труд и социјална политика не биде известено од страна на организаторот на волонтерската работа за почетокот на волонтирањето на странското лице согласно закон, странското лице се брише од евиденцијата за издавање на согласност.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико