Правдико

   

Постапка за издавање задолжница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dearcinjae32Задолжницата  е потврдена приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати од сите расположливи средства на должникот кај носителите на платниот промет. Како должник се смета правно лице кое ја издава задолжницата.

Главни карактеристики на задолжницата е таа да  да гласи на денари, се издава во еден примерок и тоа само при должничко доверителски односи меѓу правните лица.

Задолжница не смее да издаде правно лице:

1) кое има блокирана сметка;

2) за кое во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: Централниот регистар) има евидентирано податоци за започната постапка за стечај, ликвидација или бришење;

3) кое е евидентирано во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност кај Централниот регистар и

4) кое е евидентирано во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар.

Вкупниот неплатен износ по основ на издадени задолжници не смее да надмине 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година евидентирани во Регистарот на годишни сметки кој се води во Централниот регистар.

Издавањето на задолжница е задолжително за должничко доверителски односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе, доколку се исполнети горенаведените услови.

Задолжница не се издава, доколку вкупниот неплатен износ по основ на издадени задолжници надминува 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година, евидентирани во Регистарот на годишни сметки кој се води во Централниот регистар.

Задолжницата  ја  составува  нотар  преку  системот  за  водење  на  Регистар  на задолжници кој го води Централниот регистар. Системот за водење на Регистарот на задолжници генерира единствен број на задолжницата. По составување на задолжницата, нотарот електронски ја потпишува, ја евидентира и ја печати задолжницата преку системот за водење на Регистарот на задолжници и ја заверува согласно со одредбите од Законот за нотаријат кои се однесуваат на потврдување на приватна исправа (солемнизација) и задолжително му ја предава на доверителот.

Задолжницата се смета за издадена со денот на заверка пред нотар. Системот за водење на Регистарот на задолжници нема да овозможи составување и евидентирање на задолжницата доколку:

1)  е надминат износот надминува 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година ;

2) е блокирана трансакциската сметка на должникот наведена во задолжницата;

3) во Трговскиот регистар кај Централниот регистар има евидентирано податоци за започната постапка за ликвидација, стечај или бришење на должникот;

4) должникот е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност кај Централниот регистар;

5) должникот е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар и

6) има несовпаѓање во податоците за идентификација на должникот.

По  евидентирање  на  задолжницата,  Централниот  регистар  ја  известува Клириншката куќа определена да го води единствениот регистар на трансакциски сметки,  за  бројот  на  трансакциската  сметка, единствениот матичен број и единствениот даночен број на должникот наведени во задолжницата.

Сите измени на задолжницата се вршат кај нотарот кој ја заверил задолжницата и се евидентираат во Регистарот на задолжници.

Одговорното лице на должникот кое ќе издаде задолжница за која во моментот на достасување на задолжницата   нема покритие ќе се казни со парична казна или со казна затвор до три години.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико