Постапка за парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Правото на парична помош го остварува самохран родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, во континуитет од наредните 15 години, без истото да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж. Правото не може да се оствари доколку на самохраниот родител му било одземено родителското право над детето.
Висината на паричната помош изнесува 8.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.
Правото на парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот се остварува со поднесување на барање и потребната документација до месно надлежниот центар за социјална работа.
Како дете со пречки во развојот во смисла на овој правилник се смета дете со:
– тешки и најтешки пречки во телесниот развој,
– умерена, тешка и длабока ментална попреченост,
– најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице, практично глуво и тотално глуво лице),
– лице со аутизам и
– лице со повеќе видови на пречки (комбинирани).
Потребна документација за остварување на правото на парична помош на самохраниот родител е:
1. важечка лична карта на граѓанинот на Република Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;
2. извод од матична книга на родените за самохраниот родител;
3. извод од матична книга на родените за детето;
4. извод од матична книга на венчаните;
5. потврда од надлежен суд дека на самохраниот родител не му е одземено родителското право над детето;
6. потврда од Агенција за вработување на Република Македонија, за статус на невработено лице за самохраниот родител;
7. потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија дека самохраниот родител, по наполнување на 62 години на живот за жена односно 64 години на живот за маж, не користи право на пензија и
8. наод, оцена и мислење на стручен орган за видот и степенот на попреченост. (решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост во менталниот и телесниот развој).
Документите 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на парична помош на самохран родител кој што има дете со пречки во развојот.
Писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на парична помош на самохран родител кој што има дете со пречки во развојот се дава на образец – Изјава.
—ПРАВДИКО–
Поврзани статии:
– Постапка за родителски додаток за трето дете