Постапка за поставување на времени објекти | Правдико

Правдико

   

Постапка за поставување на времени објекти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vremВидови на времени објекти

Видовите на времени објекти како и постапката за нивно поставување се утврдени во Законот за градење.

Согласно наведениот закон времен објект е монтажно-демонтажен или типски објект кој се поставува на градежно неизградено земјиште заради привремена употреба на просторот, се до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект.

Времен објект може да се постави заради вршење на сообраќајни дејности (привремени паркинзи и приодни патеки); туристички, културни, спортско-рекреативни и забавни дејности (информативни паноа, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки), а времени објекти се и објектите кои се во функција на граничните премини.

Програма за времени објекти

Единиците на локална самоуправа, единиците на локална самоуправа во градот Скопје и градот Скопје донесуваат годишна програма за поставување на времени објекти со која се утврдува просторот на кој можат да се постават времени објекти, кој треба да е градежно незиградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со изградена инфраструктура и за кој е донесена урбанистичко планска документација.

Програмата се донесува од страна на советот на единицата на локална самоуправа, односно советите на единиците на локална самоуправа во градот Скопје и Советот на градот Скопје по добиена согласност од министерството за транспорт и врски.

Програмата се состои од графички и текстуален дел. Текстуалниот дел содржи податоци за просторот за поставување на времениот објект, површината и висината на времениот објект и за видот на дејноста која ќе се извршува. Графичкиот дел се состои од приказ на постоечката и планираната состојба.

Начинот на изготвување на годишната програма за поставување на времени објекти и микролокациските услови се пропишани со Упатство донесено од страна на Министерот за транспорт и врски. (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10)

Краткотраен закуп на градежно земјиште

По одобрување на програмата надлежниот орган за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија, согласно Законот за градежно земјиште спроведува постапка за доделување под краткотраен закуп на градежното земјиште опфатено со програмата.

Одобрение за поставување

За поставување на времен објект се поднесува барање до единицита на локална самоуправа на чие подрачје треба да се постави времен објект, кон кое се доставувадоговор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон, имотен лист за предметното земјиште и идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно со микролокациските услови.

Времените објекти се поставуваат по добиено одобрение за поставување на времен објект, кое го издава градоначалникот на единицата на локална самоуправа, односно градоначалниците на единиците на локална самоуправа во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје на лицата кои склучиле договор за краткотраен закуп за предметното земјиште. Со одобрението за поставување на времен објект се утврдуваат условите, начинот и рокот за поставување и отстранување на времениот објект.

     Формата и содржината на одобрението за поставување на времени објекти се пропишани со Правилник донесен од страна на Министерот за транспорт и врски. (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10).

Отстранување

Постапката за отстранување на времени објекти ја спроведуваат овластени градежни инспектори на единицата на локална самоуправа на чие подрачје е поставен времениот објект.

Извор:http://mtc.gov.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико