Постапка за пријавување на работа на странци | Правдико

Правдико

   

Постапка за пријавување на работа на странци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

officeworkerОдговорните лица за пријавување на започнувањето и завршувањето на работата на странците,  определени со Законот за вработување и работа на странци , се должни во определен рок , да го пријават почетокот на работата на странецот, за кого била издадена работна дозвола или пак за кого  е пропишано само пријавување на работата без обврска за претходно добивање на работна дозвола.

Одговорните лица, пријавувањето го вршат во Агенцијата за вработување.

Пријавувањето на почетокот на работата на странци одговорните лица може да го извршат освен во Агенцијата за вработување и во надлежната подрачна служба на Агенцијата за вработувње, која ја има издадено работната дозвола и на чие подрачје се извршуваат работите.

Одговорните лица се должни да извршат пријавување:

–  во рок од 10 дена од почетокот на работата, во случаи на засновање на работен однос

–  ден пред почетокот на извршување на работата, доколку не станува збор за засновање на работен однос со странец;

–  во рок од 3 дена по пристигнувањето на странецот во земјата, во случаите од член 31, став 2 од ЗВРС.

Доколку е издадена работна дозвола, одговорните лица за пријавување треба да извршат пријавување на почетокот на работата, најдоцна во рок од 60 дена, од денот на издавањето на работната дозвола.

Доколку одговорното лице во  рок од 60 дена од денот на издавањето на работната дозвола не го пријави почетокот на работата на странецот, се смета  дека со странецот не е заснован работен однос или склучен договор за работа, за што Агенцијата за вработување го известува надлежниот орган на Министерството за внатрешни работи. Ако се  утврди дека заради постапката за издавање дозвола за престој нема да може да изврши пријава на почетокот на работата во рокот, истото е должно пред истекувањето на овој рок за ова писмено да ја извести Агенцијата за вработување, да побара продолжување на рокот и да приложи доказ за тоа дека постапката за издавање на дозвола за престој е се уште во тек, со што  Агенцијата за вработување определува нов рок за пријавување на почетокот на работата на странец, кој не смее да биде подолг од 120 дена од денот на издавањето на работната дозвола.

Пријавувањето на почетокот на работата на странци, на кои им била издадена работна дозвола, се врши на обрасци од СПО-1/1 до СПО-1/12. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација односно завршување на работата се приложуваат следниве докази:

  1. доказ за соодветно социјално односно здравствено осигурување во Република Македонија
  2. доказ за социјално осигурување во Република Македонија (за самовработени странци и за странци, кои во Република Македонија имаат засновано работен однос);
  3. доказ за соодветно социјално осигурување на странецот во друга земја, со која Република Македонија има склучено билатерален договор за социјално осигурување (за странец, кој во Република Македонија работи врз основа на договор за работа);
  4. доказ за соодветно доброволно здравствено осигурување на странец во Република Македонија за ризиците, кои ги определува ЗВРС (за странец од земја, со која Република Македонија нема склучено билатерален договор за социјално осигурување, кој во Република Македонија работи врз основа на договор за работа);
  5. доказ  за уреден престој во  Република Македонија.

Пријавувањето на почетокот на извршувањето на работа на странци, кои  согласно одредбата на член 27 став 3 на ЗВРС не се обврзани да добијат работна дозвола се врши на образец СПО-2/1. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација на работата се приложуваат следниве докази:

  1.  доказ за регистрација од соодветната шифра на дејност
  2. Договор меѓу нарачателот и странскиот изведувач на програмата со терминскиот план;
  3. издадена согласност од Министерството за култура;
  4. список на референции за изведувачот на програмата;
  5. документ, кој го докажува идентитетот на странецот;
  6. копија на доказот за поднесено барање за одобрување на јавнатаманифестација во надлежната управна единица или полициска станица, доколку манифестацијата е во организации, кои вакви манифестации може да изведуваат врз основа на регистрација односно упис во соодветен регистар односно уписник;
  7. список на странците со лични податоци (име и презиме, податоци за раѓање, број на пасош, државјанство, професија, престојувалиште во Република Македонија

Пријавувањето на почетокот на работата на странци, кои согласно со одредбата на член 28 став 2 на ЗВРС не се обврзани да добијат работна дозвола се врши на образец СПО-2/2. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација на работата се приложуваат следниве докази:

  1.  копија од Договорот за учество на изложбена или саемска манифестација;
  2. копија од Договорот меѓу изложувачот и изведувачот на услугите со терминскиот план (за договорните изведувачи);
  3. документ кој го докажува идентитетот на странецот;
  4. список на странците со лични податоци (име и презиме, податоци за раѓање, број на пасош, државјанство, професија, престојувалиште во Република Македонија).

Пријавувањето на почетокот на извршувањето на работата на странци, кои согласно со одредбата на член 29 став 2 на ЗВРС не се обврзани да добијат работна дозвола се врши на образец СПО-2/3. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација на работата се приложуваат следниве докази;

  1. копија на договорот со терминскиот план, од кој се гледа видот на услугата, која странецот ќе ја извршува во Република Македонија;
  2. доказ дека странецот е вработен кај добавувачот на опрема или кај неговиот договорен партнер;
  3. документ, кој го докажува идентитетот на странецот;
  4. список на странците со лични податоци (име и презиме, податоци за раѓање, број на пасош, државјанство, професија, престојувалиште во Република Македонија).

Пријавувањето на почетокот на извршувањето на работата на странци кои престојуваат во Република Македонија заради студирање, кои согласно со одредбата на член 30 на ЗВРС не се обврзани да добијат работна дозвола се врши на образец СПО-2/4. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација на работата се приложуваат следниве докази:

  1. копија на договорот за извршување на работата од страна на студентот со термински план, со соодветниот работодавач во Република Македонија;
  2. документ, кој го докажува идентитетот на студентот-странец;
  3. документ , кој го докажува статусот на студентот-странец како студент на високо образовна установа во Република Македонија;
  4. список на странците студенти со лични податоци (име и презиме, податоци за раѓање, број на пасош, државјанство, професија, престојувалиште во Република Македонија).

Пријавувањето на почетокот на извршувањето на работата на странци,на обезбедување на услуги за итни случаи кои согласно со одредбата на член 31 став 2 на ЗВРС не се обврзани да добијат работна дозвола се врши на образец СПО-2/5. (превземи во делот ОБРАСЦИ)

Кон пријавата за регистрација на работата се приложуваат следниве докази и копија од барањето на домашниот нарачател за нужно отстранување или спречување на штета;

  1. доказ дека странецот е вработен кај странскиот изведувач, кој ја отстранува штетата;
  2. документ, кој го докажува идентитетот на странецот;
  3. список на странците со лични податоци (име и презиме, податоци за раѓање, број на пасош, државјанство, професија, престојувалиште во Република Македонија).

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико