Правдико

   

Постапка за продолжување на работниот однос до 67 години возраст

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

(Обновено 22.10.2018 г.) Еден од начините за престанок на работниот однос преку прекинување на договорот за вработување е со исполнување на условите за старосна пензија. Во овој случај работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.

employee-engagement-older-workers-500x328

Доколку работникот се чуствува способен за работа, и неговото работно место нема поголем физички напор, со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст доколку со закон поинаку не е утврдено.

Во ваков случај работодавачот има обврска да го продолжи договорот до возраста за која работникот бара продолжување. На овој начин се овозможува на работникот да остане подолго на работа, секако доколку самиот оцени дека може да го продолжи својот работен век. Но истовремено се определува и временскиот период во кој треба да се даде писмената изјава од страна на работникот за продолжување на договорот за вработување.

Писмената изјава, работникот ја дава најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината во која ги исполнува условите, За секое натамошно продолжување на договорот за вработување, изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување

Работодавачот е должен по дадената изјава  да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико