Правдико

   

Постапка за промена на личното име

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

subscribe contractЛичното име е лично право на граѓанинот. Граѓанинот се служи со личното име, што му е запишано во матичната книга на родените и се состои од име и презиме, а самото име или презиме може да содржи повеќе зборови. Co личното име не смее да се навредува јавниот морал.

Граѓанинот има право да го промени личното име, односно само името или презимето. На малолетно лице ќе му се промени личното име, односно само името или презимето на барање од родителите или посвоителите, односно на старателот со согласност од надлежниот орган за старателство. Ако се бара промена на личното име за дете кое наполнило 10 години живот, потребна е и негова согласност.

Барањето за промена на личното име со потребната документација се поднесува до Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи донесува решение за промена на личното име во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за промена на личното име.

Конечното решение за промена на личното име се доставува на органи и организации кои со закон се должни да водат евиденција со податоци за личното име на граѓанинот.

Нема да му се одобри промена на личното име, односно само на името и презимето на лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело, додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата, како и на лице кое не ги регулирало имотно-правните и други законски обврски од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи во постапката на одлучување по барање за промена на личното име, по службена должност утврдува дали подносителот на барањето е осуден за кривично дело за кое се гони по службена должност.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико