Правдико

   

Постапка за регистрација и оданочување на трговец-поединец за вршење на самостојна дејност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dieu-kien-thanh-lap-cong-tyВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Трговец – поединец

Трговец – поединец е физичко лице кое во вид на занимање, врши трговска дејност определена во Законот за трговски друштва, кој одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот. Својството на трговец – поединец се стекнува со уписот во Трговскиот регистар, кој се води во Централниот регистар на Република Македонија.

Не се сметаат за трговци според ЗТД: физички лица кои вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци); занаетчии и физички лица кои вршат услуги, освен ако нивната дејност може да се определи како претпријатие; физички лица кои вршат угостителски услуги со издавање соби во своите живеалишта; и физички лица кои се занимаваат со слободни занимања (адвокати, нотари, лекари и други).

Граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност

Во оваа категорија влегуваат граѓаните кои остваруваат приходи од:
• стопанска дејност;
• производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност;
• давање професионални и други интелектуални услуги (адвокатски, нотарски, консултантски, ревизорски, инжинерски, архитектонски, новинарски, спортски, културни и други интелектуални дејности);
• земјоделска дејност (производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи);
• други дејности, чија трајна цел е остварување на приходи.

Сите физички лица кои остваруваат приходи од самостојна дејност, должни се својата дејност да ја регистрираат кај надлежниот регистар.

ПОСТАПКИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ И ЗА ДАНОЧНИ ЦЕЛИ

Регистрирање на дејност

Доколку сакате да отпочнете некоја дејност од која ќе остварувате приходи од самостојна дејност, треба да се пријавите и регистрирате во соодветен (основен) регистар кај соодветната асоцијација на која припаѓате.

Трговците-поединци се регистрираат во Трговскиот регистар, што се води во Централниот регистар. Граѓаните кои остваруваат приходи од самостојна дејност, податоците за упис ги доставуваат во своите основни регистри, надлежни за упис на дејностите што се водат кај Коморите (адвокатската, нотарската, занаетчиската, медијаторската дејност и дејност на судски извршители, и слична дејност на вашето делување), подрачните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на подрачјето каде обавувате дејност. Овие регистри се должни по службена должност до Централниот регистар на РМ да ги пренесат решенијата за упис, заради обезбедување на соодветните податоци за регистрацијата, како што се: ЕМБС, ЕДБ, шифра на дејност, правна форма и сл.

Доделување на Единствен даночен број

Преку Централниот регистар, УЈП ќе ви додели даночен број и ќе ве воведе во Регистерот на даночни обврзници кој се води во Управата.
Значи, за да добиете ЕДБ, не е потребно да доаѓате во даночните канцеларии. Доделувањето на ЕДБ се врши едношалтерски, со службена размена на податоците помеѓу Централниот регистар и УЈП. За податоците на уписот, Централниот регистар ќе ви издаде Решение.

Пријавување на промена на податоци во УЈП

Во случај на промена на регистарските податоци (промена на седиште, промена на место на вистинско управување и промена на податоците за контакт: телефон, телефакс, е-пошта и сл.) или престанок на работењето, истите должни сте навремено да ги пријавите. Точноста на регистарските податоци е неопходна поради достава на пријави, решенија, известувања, навремено информирање на даночните обврзници, водење на евиденцијата за даночниот обврзник.

Регистрација за цели на данокот на додадена вредност

Покрај т.н. општа даночна регистрација, должни сте да се регистрирате и како обврзник за целите на ДДВ, доколку деловниот потфат кој го отпочнувате претставува вршење на стопанска дејност од која предвидувате дека во текот на една календарска година ќе остварите вкупен оданочив промет над 2.000.000 денари. Во случај на отпочнување на вршење на стопанска дејност во текот на годината, Пријавата за регистрација за ДДВ се поднесува во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста. Под почеток на вршење на дејност се подразбира првото вршење на активност на даночниот обврзник како прва извршена набавка на добра (основни средства, трговска стока и друго) користена услуга (закуп, истражување на пазар и друго) и извршен промет на добра или услуга.

Доколку во текот на календарската година вашиот остварен вкупен промет го надмине износот од 2.000.000 денари, должни сте да се регистрирате за целите на ДДВ и да ја поднесете Пријавата за регистрација за ДДВ најдоцна до 15-ти во месецот, кој следи по месецот кога сте го оствариле прометот.
Доколку во претходната календарска година сте оствариле вкупен промет над 2.000.000 денари или доколку сакате доброволно да се регистрирате за целите на данокот на додадена вредност, поднесете Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) до 15-ти јануари во тековната година.

ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИ ОД САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Паушално може да се оданочуваат граѓаните кои обавуваат самостојна дејност:

• кои не се во состојба да водат деловни книги или на кого водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста;
• кои не вработуваат други лица;
• во чија дејност не вложуваат и други лица; и
• кои остваруваат нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.

Во групата на паушалисти потпаѓаат: верски службеници (оџи, свештеници…), занаетчија (чевлар, часовничар, острач на ножеви и други видови сечила, чистач на чевли, сарач, бојаџија, точкар, јорганџија, изработка на обланди, корнети и кори и кадаиф, лимунаџија, бербер, каменорезач, грнчар, лимар, кројач, металостругач, бравар, бижутер, изработка и поправка на предмети од кожа, тапетар, семкар, свеќар …) и други. Граѓанинот кој обавува самостојна дејност кој ги исполнува условите за паушално плаќање и кој сака данокот на доход за приходите од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-приход, треба да поднесе Барање за паушално оданочување на персонален данок на доход (образец “ПДД-П“) http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/30

Граѓанинот може да го поднесе Барањето до даночната канцеларија на УЈП или преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот (пр. до 31.12.2012 година за 2013 година). УЈП одлучува по ова барање за тоа, дали постојат околности поради кои обврзникот не е во состојба да ги води деловните книги, или нивното водење значително би му го отежнало вршењето на дејноста.

Доколку се исполнети условите, УЈП ќе ви го утврди паушалниот нето-приход, имајќи ги во предвид:

• местото каде што се наоѓа деловната просторија;
• опременоста на деловната просторија;

Воведување и користење на фискален апарат

Доколку вршите промет на добра или услуги, за кои плаќањата се вршат во готово, должни сте да воведете и да користите одобрен фискален систем на опрема за регистрација2 на готовинските плаќања и задолжително да издавате фискална сметка, од самото пуштање на објектот во употреба.

Извор: http://ujp.gov.mk/

Партнери на Правдико