Постапка за регистрација на моторно возило
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За да може моторно возило да учества во сообраќајот на патиштата, задолжително треба да регистрирано, да биде означено со налепница за извршена регистрација, и да биде означено со пропишани регистарски таблици. Регистрација на возилата се врши со впишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот на возилото во евиденцијата за регистрирани возила.
Регистрација на возила се врши по поденесено барање за регистрација на возила. Барањето го поднесува сопственикот, односно корисникот на возилото, до надлежната организациона единица на Министерството за внатрешни работи или до овластено правно лице за вршење технички преглед на возила, по исполнување на условите утврдени со закон и констатирана техничка исправност на возилото, освен за возила за кои техничкиот преглед не е задолжителен.
Регистрација на ново моторно возило
Барање за регистрација се поднесува лично, до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
Покрај личната карта, односно известувањето за распоредување на правното лице, се приложува
1) фактура за новокупеното возило;
2) доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото, полиса за задолжитено осигурување и докази за подмирени други давачки при регистрацијата (надоместок за користење на јавните патишта, комунална такса, административнa таксa и и др.)
3) доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија и
4) доказ за техничка исправност на возилото.
Доколку возилото технички е исправно, овластените контролори барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед и со целокупната документација се упатува на шалтерот за регистрација на моторни и приклучни возила каде што ќе издадат сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото.
Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде постар од 30 дена.
Регистрација на употребувано моторно возило набавено во Република Македонија
Лично се поднесува барање за регистрација на еден од шалтерите во станиците за вршење на технички преглед на моторни возила и приклучни возила или МВР при што треба да се приложи:
1) лична карта, односно известување за распоредување, ако новиот сопственик на возилото е правно лице;
2) сообраќајна дозвола за возилото, договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
3) доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал;
4) ќе се платат пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола, а ако на возилото му истекнала важноста на регистрацијата, и износите на име технички преглед на возилото, осигурување, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација.
Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш се приложуваат и договорите за купопродажба на возилото склучени помеѓу сопственикот на возилото запишан во сообраќајната дозвола и сите подоцнежно извршени купопродажби на истото до последниот сопственик.
Регистрација на употребувано моторно возило набавено во странство
На еден од шалтерите во станиците за технички преглед на моторни и приклучни возила или МВР лично се поднесува барање за регистрација на употребувано моторно или приклучно возило кое било увезено од странство.
При тоа се приложува:
* лична карта, односно известување за распоредување ако возилото е сопственост на правно лице;
* странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано;
* договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
* доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото;
* доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија;
* доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена;
* ќе се платат пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.
Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш ќе се приложат и договорите за купопродажба на возилото извршени помеѓу сопственикот на возилото запишан во странската сообраќајна дозвола и сите подоцнежни сопственици, до последниот сопственик.
Извор: МВР