Постапка за склучување на брак надвор од службените простории | Правдико

Правдико

   

Постапка за склучување на брак надвор од службените простории

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

locatii-nunti-bucurestiБрак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон. Лицата кои имаат намера да стапат во брак најпрво поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење на матичните книги на венчаните. Кон пријавата, идните брачни другари, приложуваат извод од матична книга на родените.

Денот и часот за склучувањето на бракот го определува матичарот во договор со лицата кои сакаат да склучат брак.

Склучување на брак се врши на свечен начин и во посебна, за тоа определена службена просторија. По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се склучи и надвор од службените простории на Управата за водење на матичните книги, со одобрение на директорот на Управата.

За склучување на брак надвор од службените простории на Управата се поднесува барање до Директорот на Управата при што се плаќа надоместок.

Висината на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории на Управата се одредува врз основа на просечната годишна бруто плата согласно податоци на Државниот завод за статистика за висината на просечната бруто плата на годишно ниво во Република Македонија, од претходната година, оддалеченоста на местото за склучување на бракот од службените простории на Управата и времето на склучување на брак.

– За местата на склучување на брак оддалечени до десет километри од службените простории на Управата се плаќа 10% од висината на надоместокот.

– За местата на склучување на брак оддалечени над десет километри од службените простории на Управата се плаќа 20% од висината на надоместокот.

– Ако бракот се склучува во работен ден надвор од службените простории на Управата во периодот по 16,30 часот, надоместоците се зголемуваат за 10%.

– Ако бракот се склучува во недела или во неработен ден надвор од службените простории на  Управата, надоместоците  се зголемуваат за 100%.

За склучување на брак надвор од службените простории поради здравствени причини, издржување на казна затвор или притвор, од страна на Директорот на Управата се дава одобрение врз основа на поднесена соодветна документација при што не се плаќа надоместок.

Склучувањето на бракот го врши матичар од матично подрачје кој е месно надлежен за избраното место за склучување на брак надвор од службените простории на Управата.

 –ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Услови за склучување и полноважност на бракот и постапка за давање дозвола за склучување на брак

– Земјите во кои истополовите бракови се легални

– Брачни пречки

– Стекнување имот во брачна заедница

Препорачуваме

Партнери на Правдико