Постапка за заштита од вознемирување на работно место | Правдико

Правдико

   

Постапка за заштита од вознемирување на работно место

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

voznemiruvanjeЗабранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место. Вознемирувањето може да се јави во облик на психичко и полово вознемирување.

Како психичко вознемирување на работно место, претставува секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

Додека полово вознемирување, во смисла на овој закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.

Кој може да биде вршител на вознемирувањето?

Како вршител на вознемирување на работно место може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување без оглед на нивното својство – работодавач во својство на физичко лице, одговорно лице кај работодавач – правно лице, вработен или група вработени кај работодавач или трето лице со кое вработениот или работодавачот доаѓа во контакт при извршувањето на работите на работното место.

Место каде се врши вознемирувањето

Како место на вршење на психичко и полово вознемирување на работно место може да се смета и местото/местата низ кои минува вработениот кој е изложен на вознемирување при неговото вообичаено доаѓање и заминување од работното место, само во случај кога психичкото и половото вознемирување го врши вработен кај ист работодавач или друго лице кое работи кај истиот работодавач кое патува или се движи заедно или во непосредна близина со вработениот, односно другото лице кое работи кај истиот работодавач со лицето кое е изложено на вознемирување.

megaphone_resizeПостапка за заштита

Вработениот или лицето ангажирано со договор кое учествува во работата кај работодавачот, а кое сметаат дека е изложено на вознемирување на работното место, треба писмено да се обрати до лицето за кое сметаат дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел за решавање на спорната состојба, односно случај без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.

Пред поднесувањето на тужба пред надлежен суд вработениот може да  поднесе писмено барање за заштита од вознемирување на работно место до работодавачот.Барањето  може да се поднесе најдоцна во рок од шест месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место. Работодавачот може на вработен кој врши вознемирување на работно место или злоупотреба на правото за заштита од вознемирување на работно место да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, односно за повреда на работните обврски, па доколку во рок од шест месеци повторно изврши вознемирување, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување, односно да му изрече мерка престанок на работниот однос, согласно со закон.

Судска заштита

Доколку вработениот  не е задоволен од исходот на постапката за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот, може да поднесе тужба до надлежниот суд. Со тужбата  вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место може да бара:

– утврдување дека претрпел вознемирување на работно место,

– забрана на вршење на однесувања кои претставуваат вознемирување на работно место, односно забрана на повторување на вознемирување на работно место,

– преземање на дејствија заради отстранување на последици од вознемирување на работно место и

– надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работно место.

Товарот на докажувањето дека немало конкретно однесување кое претставува вознемирување на работно место е на страната на тужениот.

Санкции

Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако:

1) врши вознемирување на работно место и го злоупотребува правото на заштита од вознемирување на работно место,

2) не ги преземе потребните превентивни и други мерки за заштита навработениот од вознемирување на работното место,

3) не го запознае вработениот пред стапување на работа и вработените кои се во работен однос со забраната за вршење на вознемирување на работно место, обврските и одговорностите во врска со вршење на вознемирување на работно место, начинот и можностите за заштита.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Како да го препознаете мобингот?

– Како да препознаете МОБИНГ на работа

– Насилство врз жени на работно место

– Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место

Препорачуваме

Партнери на Правдико