Правдико

   

Постапката за надомест на штета пред осигурителните компании

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Insurance PolicyПостапката за надомест на штета пред осигурителните компании, е регулирана со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.

Покрај  одредбите од овој закон односно за се што не е предвидено со овој закон,се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и Законот за супервизија.

 Како учесници во оваа постапка се јавуваат:

– Одговорно друштво за осигурување –друштвото на  осигурување со кое сопственикот на превозното средство со чија употреба  е причинета незгодата,склучил договор за задолжително сигурување.(чл. 2 ст.4 , ЗЗОС)

– Корисник  на осигурување-лице кое има право на надомст од задолжителното осигурување во сообраќајот.(чл. 2 ст.9 , ЗЗОС)

– Оштетено лице  – лице кое претрпело штета  од употреба на превозно средство .(чл. 2 ст.10 , ЗЗОС)

Постапката за надомест на штета започнува на начин што оштетеното лице,директно до  одговорното друштво за осигурување,поднесува барање за надомест на штета.

Во однос на еветнтуалната судска постапка за надомест на штета,ваквото барање се јавува како услов-  истото во секој случај да биде поднесено до одговорното друштво за осигурување  односно оштетеното лице неможе да поведе судска постапка по овој основ пред таквото барање да го постави пред осигурителното друштво.

При постапувањето по барањето  за надомест на штета одговорното друштво за осигурување,барањето го испитува како од аспект на основот-дали постои незгода  и дали постои штета како последица од истата ,така и од аспект на нејзината висина.

Во оваа постапка  одговорното друштво за осигурување,спрема оштетеното лице,неможе да истакнува приговори ,засновани на закон или договорот за осигурување,кои би можело да ги истакнува спрема  осигуреното лице за непридржување кон законот ,условите на осигурување или кон договорот за осигурување.

Доколку оштетеното лице не е задоволно од одлуката на одговорното осигурително друштво односно од висината на понудениот надомест на штета  истото има право  да покрене постапка  за посредување  согласно со прописите  кои го уредуваат начинот и постапката на посредување.

Ваквото посредување друштвото  е должно да го предвиди во договорот за осигурување од автомобилска одговорност а тоа во случај кога оштетеното лице  не е задовлно од висината на штетата која му се понудува од  негова страна.

Во постапката за надомест на штета,кај осигурувањето на патници во јавен превоз, од последици на несреќен случај, висината на обврската на одговорното друштво за осигурување е ограничена –  доколку патникот односно корисникот на осигурувањето претрпел повисока штета од износот на исплатениот надоместок во однос на ова осигурување, истиот има право на надоместок на штета од лицето кое ја предизвикало штетата, само за остатокот до висината на претрпената штета.

Во ваков случај  ако патникот односно корисникот на осигурувањето добил надомест од лицето кое ја предизвикало штетата или пак од одговорното друшптво за осигурување, истото нема право на надомест  на штета по овој основ  во висина на така исплатената штета.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Право на надоместок на штета поради неоснована осуда или лишување од слобода

– Надомест на штета пред друштва за осигурување

– Кога работодавачот одговара за штета причинета спрема трети лица?

– Одговорност за штета предизвикана врз животната средина

– Надомест на нематеријална штета

– Надомест на штета во случај на сообраќајна незгода

Партнери на Правдико