Постигнат договор во Украина – предвремени избори и реформи на уставот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Постигнатиот договор меѓу украинските власти и опозицијата предвидува предвремени избори, коалициска влада и реформи на Уставот, јави Украинската телевизија
На преговорите во Киев кои утрово беа прекинати е постигнат договор за решавање на кризата во Украина. Се очекува тој да биде парафиран претпладнево, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
Постигнатиот договор меѓу украинските власти и опозицијата предвидува предвремени избори, коалициска влада и реформи на Уставот, јави Украинската телевизија. На официјалната интернет страница не се дадени детали од договорот, туку е само наведено дека преговорите меѓу Јанукович, лидерите на украинската опозиција и претставници на ЕУ и Русија се завршени.
На разговорите учествуваа украинскиот претседател Виктор Јанукович, опозициските лидери Арсениј Јацењук, Виталија Кличко и Олег Тјагнибок, министрите за надворешни работи на Германија, Полска и рускиот омбудсман Владимир Лукин. Разговорите траеја речиси осум часа. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус кој пристигна вчера во Киев со германскиот и полски колега, отпатува од украинскиот главен град.
Министерството за здравство изутринава соопшти дека бројот на загинати во Киев од почетокот на немирите во украинскиот главен град во вторникот достигнал 77 лица. Повредени се 577 луѓе, од кои 369 побарале лекарска помош.
Претходно демонстрантите во Киев ги ослободија полицајците кои беа заложници на радикални лица кои учествуваа во протестите на плоштадот Независност. Одлободувањето се случило по ангажман на опозициски парламентарци, јави ИТАР-ТАС.
Учесници во протестите успеаја вчера да го пробијат кордонот на полицијата на плоштадот и земаа за заложници меѓу 60 и 70 полицајци. Локални медиуми јавуваат дека голем дел од нив биле кадети од полициска академија и според очевидци биле на возраст меѓу 18 и 20 години.
Извор: Утрински весник