Правдико

   

Постигнат договор за фонд за инвестиции на ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Членките на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за начелно создавање фонд кој би можел да донесе 315 милијарди инвестиции од приватниот и од јавниот сектор за обновување инфраструктура, стимулирање економија и за вработување.

eu

По целовечерните преговори, кои завршија изутринава, постигнат е договор за употреба на 21 милијарди евра за институции на ЕУ кои би биле основен капитал за привлекување средства од приватните инвеститори.

Потпретседателот на Европската комисија, Јирки Катаинен, рече дека се надева оти до јуни планот во целост ќе биде одобрен од сите 28 членки и од Европскиот парламент.

– Најважно е да поттикне ги инвестирањето, вработувањето и економскиот пораст – рече Катаинен.

Планот е наречен по претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој го предложил во ноември минатата година. Тој рече дека планот ќе отвори 1,3 милион работни места во ЕУ.

Партнери на Правдико